Охрид, 9. март 2026 (ИНПРЕС) – Продолжува оштетувањето на пешачката патека која води кон хотелот „Парк“ и најпопуларните плажи на охридското крајбрежје.
Читатели на InPress до редакцијата испратија фотографии од оштетувањата на подлогата на делови од самата патека, која секојдневно, а особено во викенди ја користат голем број охриѓани и гости за рекреација.

Ова не е прв случај, читателите апелираат надлежните да ја средат состојбата, а до несовесните поединци конечно да покажат поголема почит кон она што е направено за доброто на сите.
Овој дел од градот е едно од омилените места за прошетка на охриѓани и гостите, години наназад официјално не смее да се користи за движење со возила, но охриѓани се сведоци дека тоа правило се крши. Ова, заедно со (не)делата на неодговорни поединци, кои редовно се пресметуваат со урбаната опрема, прави патеката да е во лоша состојба. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
