Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Последен ден кампања за претседателските избори, од полноќ започнува молкот

Последен ден кампања за претседателските избори, од полноќ започнува молкот

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 22. април 2024 (ИНПРЕС) – Последен ден од кампањата за седмите претседателските избори што ќе се одржат во среда, 24-ти април. Вечерва на полноќ почнува молкот, што завршува на денот на гласањето во 19:00 часот.

Во трка за прв човек на Република Македонија се седум кандидати, Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Стевчо Јакимовска – ГРОМ, Бујар Османи поддржан од Европскиот фронт, Билјана Ваковска поддржана од Левица, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Максим Димитриевски – Движење ЗНАМ.

И покрај молкот за претседателските избори, изборната кампања за парламентарните избори закажани за 8-ми мај нема да биде прекината.

Карактеристично за овие избори е што се спроведуваат во среда, наместо во недела, па со одлука на Влада среда е неработен ден. Идентификацијата на гласачите повторно ќе биде со апарати за биометриска идентификација.

Вториот круг од претседателските избори, што е извесно дека ќе го има, ќе се поклопи со парламентарните избори на 8-ми мај. Граѓаните со право на глас кога ќе дојдат на избирачките места пред да ги добијат гласачките ливчиња, ќе треба да се изјаснат дали ќе гласаат за двата избори или не. Доколку не сакаат да гласаат на некој од изборите, нема да можат во текот на денот да се премислат и да се вратат на избирачкото место повторно и да гласаат.

За изборите за претседател во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 избирачи. Во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, додека во странство во дипломатско – конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии ќе гласаат 2.569 избирачи.

Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, запишани се 2.147 избирачи.

Запишани се и 534 избирачи, кои поднеле пријава за гласање, во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување. Две лица се водат како внатрешно раселени лица. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous На 13-ти мај селективен тест за прием на ученици во паралелката за фудбал на ДСУ „Спортска академија“ во Охрид
Next ОИК Охрид: Во главниот избирачки список се запишани 51.717 избирачи, ќе се гласа на 87 избирачки места

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.