Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Потпишан договорот за Коридорите 8 и 10д, ќе се градат четири автопатски делници, вредноста е 1,3 милијарди евра

Потпишан договорот за Коридорите 8 и 10д, ќе се градат четири автопатски делници, вредноста е 1,3 милијарди евра

1 min read

Скопје, 8. март 2023 (ИНПРЕС) – Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и конзорциумот „Бехтел и Енка“ денеска во Владата потпиша договор со за изградба на четири автопатски делници во должина од речиси 110 километри на коридорите 8 и 10 д.

Делниците ќе се градат во наредните пет години, а изградбата ќе чини 1,3 милијарди евра.
Со договорот се опфатени автопатските делници на Коридорот 8: Тетово – Гостивар ( над 17 километри), Гостивар – Букојчани (30,3 километар),Требеништа – Струга – Ќафасан (близу 22 километри) и на делницата Прилеп – Битола (речиси 40 километри) од Коридорот 10- д.

– Патната поврзаност низ регионот и во Македонија се многу важни. „Бехтел и Енка“ имаат голема историја во испорачувањето на проекти, а особено на сложени. Ја преземавме одговорноста да обезбедиме највисок стандард што е мошне сериозно за овој проект, рече Марк Алисон, генерален директор за нискоградба „Бехтел“ при потпишување на договорот.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека изградбата на овие автопатски делници е од исклучително значење за подигнување на нивото на квалитетот на патната инфраструктура и сообраќајот.

– Преку делниците Македонија станува уште позначајна регионална и меѓународна транспортна рута и уште позабележителна на светската мапа. Нашите напори за модерна патна и железничка инфраструктура како и регионално и меѓународно поврзување се веќе видливи. Нашата цел е поврана и економски развиена земја членка на ЕУ, рече Ковачевски.

Нема достапен опис

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски истакна дека во буџетот на министерството за годинава се предвидени 244 милиони евра.

– Очекувам добро менаџирање на процесите, ни претстојат многу предизвици на терен, но очекувам сите да се вложиме максимално и да ги постигнеме зацртаните цели за модерна и квалитетна инфатсруктура, рече Бочварски.

На потпишувањето на договорот беше истакнато дека ова е еден од најголемите инфрастуктурни проекти. Две години по потпишување на меморандумот, се дојде и до завршување на сите постапки и преговори за конечно се потпише договорот и да започнат работните активности. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Свикана 25. седница на Советот на Општина Охрид
Next Жителите на улиците „8-ми март“ и дел од „Железничка“ неколку часа без вода

Слични вести

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст? Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
1 min read

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид
1 min read

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото) Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)
1 min read

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.