Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Свикана 25. седница на Советот на Општина Охрид

Свикана 25. седница на Советот на Општина Охрид

1 min read

Охрид, 8. март 2023 (ИНПРЕС) – За вторник, на 14-ти март е закажана 25-та седница на Советот на Општина Охрид.

Со обемниот дневен ред се опфатени годишните извештаи за реализација на програмите во повеќе области, за работата на јавните претпријатија, извештаите за финансиското работење и годишните сметки за минатата година на основните и средни те училишта, детскатата градинка „Јасна Ристеска“ и Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“.

Покрај тоа, советниците ќе расправаат по Правилникот за користење финансиски средства од буџетот на Општина Охрид за субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на општината, за задолжување со наменски кредит на ЈП „Охридски Комуналец“ за набавка на специјални возила, како и давање согласност на Одлуката за покривање на загубата од работењето на ЈП „Водовод“ Охрид за 2022 година.

Со дневниот ред се опфатени и бројни точки од сферата на урбанизмот.

Почетокот на седницата е закажан за 09:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Преку холандски искуства ќе се имплементираат практики за развој на одржлив туризам во Македонија
Next Потпишан договорот за Коридорите 8 и 10д, ќе се градат четири автопатски делници, вредноста е 1,3 милијарди евра

Слични вести

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст? Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
1 min read

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид
1 min read

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото) Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)
1 min read

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.