Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Почна судскиот процес за случајот Пендиков, оштетениот и овојпат не се појави во судницата, следно рочиште закажано за 31-ви мај

Почна судскиот процес за случајот Пендиков, оштетениот и овојпат не се појави во судницата, следно рочиште закажано за 31-ви мај

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 5. април 2023 (ИНПРЕС) – Со изведување писмени и материјални докази денеска почна главната расправа од процесот што пред охридскиот Основен суд се води против Илија Спасески, првообвинетиот за нападот врз секретарот на сега веќе згаснатиот бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков.

Претставник на Обвинителството на денешното судско рочиште го прочита обвинителниот акт, според кој првообвинетиот во предметот се товари за извршено кривично дело „нанесување тешки телесни повреди“, на што обвинетиот Илија Спасески пред Судот се произнесе дека не е виновен.

Претставникот на одбраната, адвокатот Димитрија Цобоски, по однос на обвинението даде кусо образложение во кое изјави дека одбраната не спори дека оштетениот критичната вечер бил повреден, но оти во доказната постапка ќе успее го убеди Судот дека во делото нема докази за зборови од омраза, како што сака тоа да го наметне Обвинителството, како и оти нема материјални докази дека провообвинетиот е извршител на делото.

Нема достапен опис

Забелешка на застапникот на одбраната е и дека оштетениот не е Бугарин, односно дека нема бугарско државјанство, туку дека се работи на македонски државјанин.
Судијата Бојан Мартиноски, кој го води процесот, со оглед на тоа што оштетениот Христијан Пендиков и денеска не се појави пред Судот, донесе одлука да ги ослободи повиканите сведоци од денешното рочиште, а процесот да продолжи со изведување писмени докази.

Застапникот на оштетениот Пендиков, адвокатот Стефан Камишевски, пред Судот образложи дека неговиот клиент не е во можност физички да присуствува на денешното рочиште од здравствени причини.

Како оштетена страна во процесот, Камишески најави дека во постапката ќе биде предјавено парично оштетно побарување, согласно тежината на повредите на оштетениот во кривичното дело.

Судењето за физичкиот напад на Христијан Пендиков, ќе продолжи на 31-ви мај во 10:00 часот. Денешното рочиште заврши со презентирање на материјалните докази, меѓу кои и видео-снимка од тепањето на Пендиков.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19-ти јануари во кафе-бар на Кејот на Охридското Езеро во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. (Крај)

извор: Опсервер/А1он фото: Опсервер/архива

Post navigation

Previous Одлични резултати на охридските гимназијалци на Државен натпревар по математика
Next Отворена лабораторијата за истражување на растителни и животински видови во НП „Галичица“

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.