Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Почнува снимањето на филмот за Ејми Вајнхаус, ќе ја глуми актерката Мариса Абела

Почнува снимањето на филмот за Ејми Вајнхаус, ќе ја глуми актерката Мариса Абела

1 min read

Лондон, 16. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Продукцијата на претстојниот биографски филм за Ејми Вајнхаус, „Back to Black“, ја објави првата фотографија од актерката Мариса Абела во главната улога. Филмот ќе го режира Сем Тејлор-Џонсон, а снимањето почнува денеска во Лондон.

Филмот ќе го следи Вајнхаус од нејзините динамични рани години во Лондон до интензивното патување до славата. Минатиот јули беше објавено дека покојната пејачка ќе ја глуми 26-годишната англиска актерка Мариса Абела, која зад себе нема голема колекција улоги, но ќе се појави и во „Барби“ со Марго Роби.

– Целосно сум свесна за одговорноста што ја носи снимањето на филмот. Ќе настојувам да создадам филм што сите ќе го сакаме засекогаш. Исто како и Ејми. Кога првпат ја слушав во живо на едно шоу за таленти, веднаш сфатив дека таа не е само талент, таа беше гениј“, изјави Тејлор-Џонсон, позната по хитот „Педесет нијанси сиво“.

Излегувањето на „Back to Black“ е најавено во 2024 година. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous Струшки архитекти изработија проект за прифатилиште за бездомни кучиња
Next Од полноќ поскапуваат горивата

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.