Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Македонија
  • Проф. д-р Земон: Раскинатите научни врски помеѓу универзитетите од земјите на поранешната Југославија, се обновуваат со големи напори

Проф. д-р Земон: Раскинатите научни врски помеѓу универзитетите од земјите на поранешната Југославија, се обновуваат со големи напори

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид/Белград, 22. април 2017 (ИНПРЕС) – Балканската елита на научници на мултикултурализмот во Белград ги пренесе ставовите околу истражувањата на оштествените феномени, мултикултурализмот – нивните причини и последици.

Беше договорено формирање на Мрежа за истражувања на прашањата на етницитетите на Балканот.

– Воспоставувањето на мрежата на научно-истражувачките институции (универзитети, факултети, институти, проекти), во областа на општествените науки, ќе придонесат да се промени проблемот во врска со соработката, да се надмине и да се направи темелна основа за спроведување на сложените истражувања, да се поттикне размената на знаењата, да се посвети вниманието спрема развојот на кадрите со сензибилитет и знаења што се однесуваат на специфичностите на регионот – нагласува еден од иницијаторите, професор д-р Рубин Земон од Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје.

Задача на Мрежата ќе биде воспоставување на инфраструктура и кадри кои ќе предлагаат, осмислуваат и реализираат проекти во врска со економските, политичките, општествените, правните, демографските и другите прашања од значење за стабилноста, сигурноста и развојот на регионот и поедините негови делови.

Охриѓанецот, Д-р Земон, смета дека раскинатите научни врски помеѓу универзитетските и научните центри во регионот, особено на просторот на поранешната Југославија, се обновуваат со големи напори. Од друга страна, расте потребата за согледување на состојбата во регионот исклучиво врз фактите, научно верификуваните податоци и промислените знаења, што е насушна потреба како за поттикнување на научната мисла, така и за воспоставувањето на регионалната соработка и стабилност. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Post navigation

Previous На Јанша да му се одземат 400 000 евра побара Словенечкото обвинителство
Next Македонското друштво „Илинден” од Тирана ја поздрави одлуката на МАЕИ за коалиција зо Илир Мета

Слични вести

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници
1 min read

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.