Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Романија бара состанок и објаснување од Унгарија за поставувањето ограда на границата

Романија бара состанок и објаснување од Унгарија за поставувањето ограда на границата

1 min read

Букурешт, 16.септември 2015 (ИНПРЕС) – Амбасадата на Романија во Будимпешта бара состанок во Министерството за надворешни работи на Унгарија за да го соопшти своето противење на унгарските планови за поставување ограда на границата со Романија.

Романската амбасада, исто така, бара и дополнителни објаснувања за таквите планови, соопшти Министерството за надворешни работи на Романија.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска остро ги осуди изјавите на романскиот премиер Виктор Понта дека унгарските политичари не се ништо подобри од сириските и либанските, а чии државјани бегаат од земјата.

– Виктор Понта вчера изгуби самоконтрола и неговите неразумни изјави се навреда за цела Унгарија. Цивилизирани европски политичари не користат така остри клевети. Неговите изјави имаат само едно објаснување, а тоа е дека тој целосно ја загубил поддршката во романската домашна политика, се наведува во соопштението.

Понта синоќа на Фејсбук реагираше на плановите на Унгарија оградата што е поставена на границата со Србија да ја продолжи и кон Романија, изјавувајќи дека плановите на Унгарија потсетуваат на Европа од 30-тите и 4-тите години на минатиот век.(Крај)

извор:Инпрес фото:архива

Post navigation

Previous Шефчович: Бугарија може да биде најпрофитабилен енергетски центар
Next Поранешен воен платеник со закани до Вучиќ

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.