Приштина, 29.септември 2015 (ИНПРЕС) – Првите луѓе на косовското движење „Самоопределување“ ја критикуваа албанската Влада за рамнодушност во однос на настаните во Косово. Критиките пред сè се однесуваат за заедницата на српските општини, но и за другите договори постигнати меѓу Косово и Србија.
„Не само ‘Заедницата’, туку и останатите договори во полето на телекомуникацијата и енергијата се договори од кои придобивки има Србија, а не Косово, затоа Албанија би требала да биде загрижена“,, изјави Глаук Коњуфца, кој заедно со лидерот на Самоопределување, Висар Имери организираше во Тирана тркалезна маса со претставници на медиумите, граѓанското општество и албански историчари.
Имери изјави дека Албанија треба да го брани Косово исто како што Србија се бори против Косово. Запрашан од новинарите дали има алтернатива против „заедницата“, Имери одговори дека Косово има можност да го отфрли овој договор бидејќи не е во согласност со Уставот и ја загрозува еднаквоста на граѓаните. Имери изјави дека отворен политички дијалог може да биде постигнат само ако да се отргне влијанието на Србија врз косовските територии.(Крај)
извор:Алсат фото:архива
