Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Самоопределување“ незадоволно од владата во Тирана

„Самоопределување“ незадоволно од владата во Тирана

Приштина, 29.септември 2015 (ИНПРЕС) – Првите луѓе на косовското движење „Самоопределување“ ја критикуваа албанската Влада за рамнодушност во однос на настаните во Косово. Критиките пред сè се однесуваат за заедницата на српските општини, но и за другите договори постигнати меѓу Косово и Србија.

„Не само ‘Заедницата’, туку и останатите договори во полето на телекомуникацијата и енергијата се договори од кои придобивки има Србија, а не Косово, затоа Албанија би требала да биде загрижена“,, изјави Глаук Коњуфца, кој заедно со лидерот на Самоопределување, Висар Имери организираше во Тирана тркалезна маса со претставници на медиумите, граѓанското општество и албански историчари.

Имери изјави дека Албанија треба да го брани Косово исто како што Србија се бори против Косово. Запрашан од новинарите дали има алтернатива против „заедницата“, Имери одговори дека Косово има можност да го отфрли овој договор бидејќи не е во согласност со Уставот и ја загрозува еднаквоста на граѓаните. Имери изјави дека отворен политички дијалог може да биде постигнат само ако да се отргне влијанието на Србија врз косовските територии.(Крај)

извор:Алсат    фото:архива

Post navigation

Previous Милановиќ: Унгарската политика спрема мигрантите е неприфатлива
Next Молдавија и Бугарија ја зацврстуваат соработката

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.