Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Свети пророк Језекиил

Свети пророк Језекиил

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 3. август 2023 (ИНПРЕС) – Православните христијани денека го одбележуваат споменот на Свети пророк Језекиил.

Бил син на свештеник од градот Сарира. Одведен во ропство во Вавилон со царот Јехонија и со многу други Израилци. Живеејќи во ропство Језекиил пророкуваше дваесет и седум години. Беше современик со пророкот Јеремија.

И додека Јеремија учеше и пророкуваше во Јерусалим, Језекиил учеше и пророкуваше во Вавилон. Пророштвата на Јеремија ги дознаваа во Вавилон, а пророштвата на Језекиил во Јерусалим. Пророштвата на обајцата свети мажи се совпаѓаа.

И обајцата беа наскрбувани и мачени од неверниот род еврејски. Пророкот Језекиил имаше страшни и нечуени виденија. На реката Ховар ги виде небесата отворени, облак, оган и блескање и четири животни како растопен бакар.

Едното животно имаше лице човечко, другото лице на лав, третото телешко, а четвртото орловско. Човечкото лице Го означува Господа воплотен како човек, лавовското го означува Неговото Божество, телешкото Неговата жртва, орловското лице го претставува Неговото воскресение и вознесение.

Другпат му се покажа слика на воскресението на мртвите. Пророкот виде долина полна со суви мртовечки коски и кога над нив слезе Духот Божји сите мртовци оживеаја и застанаа на своите нозе. Ја виде уште и најстрашната пропаст на Јерусалим, кога гневот Божји покоси се освен оние што отпорано беа обележани со грчкиот знак наречен тав, а тој знак е како нашата буква Т, што, пак, е знак на крстот.

Злобата на Евреите не го поштеди ниту овој свет маж. Огорчени на него затоа што ги изобличуваше, Евреите го врзаа за опашки на коњи и така го растргнаа. Погребан е во гробницата на Ноевиот син Сим.

извор: МПЦ-ОА фото: архива

Post navigation

Previous Десет познати уметници на годинашната 38. Меѓународна ликовна колонија „Дебрца 2023“
Next Скопско, Тамаро и Супер радио: Со љубов од срцето на Охрид – Трпејца, Чоколско (Видео)

Слични вести

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини 30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини
1 min read

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“ Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“
1 min read

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов
1 min read

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.