Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа. Во Охрид за речиси две години издадени само 129 документи

Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа. Во Охрид за речиси две години издадени само 129 документи

1 min read
Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа. Во Охрид за речиси две години издадени само 129 документи

Охрид, 2. мај 2023 (ИНПРЕС) – Охрид, заедно со Скопје, Куманово, Битола и Тетово е меѓу градовите каде пред неколку години беше отворена канцеларија „Една точка за услуги“.

Пред две години имаше најава дека ваква канцеларија ќе се отвори и во Струга, но до тоа не дојде.

До неодамна, владините функционери го промовираа како „успешен проект“, па дури и пред претставниците од другите држави се фалеа како за „нецела минута“ граѓаните се послужуваат со документи на едно место, а откако

Државниот завод за ревизија им даде „ладен туш“, соопштувајќи дека овие канцеларии всушност издале многу малку документи, беше најавено дека ќе бидат затворени и на нивно место ќе бидат отворени 333 шалтери низ филијалите на Македонска пошта.

Според анализите на Порталб.мк во период од од јуни 2021 до јуни 2022 година преку овие канцеларии биле издадени само 1.062 документи низ цела држава, пренесува Мета.мк.

Центарот во Охрид беше отворен во август 2021 година. На промоцијата тогашниот министер за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, граѓаните во центарот за услуги ќе може да добијат околу 65 целосно дигитални услуги, за 62 услуги, центарот ќе воспостави дигитални комуникации со другите институции, а 800 услуги ќе бидат сервисни информации.

Започна со работа центарот „Една точка за услуги“
Според податоците од Министерството за информатичко општество и администрација наведени во извештајот на Државниот завод за ревизија, во канцеларијата во Охрид има 4 вработени, кои за една година издале само 4 документи.
Од друга страна, нудењето информации за услугите е значително поголемо отколку издавањето документи, па така во нашата канцеларија биле дадени над 300 информации.
Ако се подели бројот на вработени со бројот на издадени документи, четирите вработени во охридската канцеларија издале по еден документ годишно 0,08 документи месечно.

Во меѓувреме, од јуни 2022 до април 2023 година, бројот на издадени документи бележи благ пораст, па така издадени биле 125 документи и дадени над 300 информации. Ова значи дека четирите вработени за помалку од една година имаат издадено по 31,25 документ годишно или 2,6 документи месечно.

May be an image of 4 people, office and indoor

Ревизорскиот извештај за „Реформите во јавната администрација“, на Државниот завод за ревизија беше објавен во март годинава, каде што се нагласува неуспехот на овие канцеларии. Новиот министер за информатичко општество Азир Алиу по преземање на функцијата беше во работна посета на трите канцеларии на „Една точка за услуги“ во Тетово, Битола и Охрид, за „одблиску да се запознае со персоналот и услугите што овие канцеларии ги нудат на граѓаните“. Тој неодамна на брифинг со новинарите најави дека канцелариите ќе бидат затворени, но, наместо нив, во 333-те филијали на Македонска пошта низ државата, ќе се отворат посебни шалтери на кои истите услуги на граѓаните ќе им ги даваат вработените во поштите.

Министерот најави дека првично ќе се направат законски измени за вработените во Македонска пошта да можат да ги даваат услугите што ги нуди канцеларијата „Една точка за услуги“, а потоа ќе се обучат вработените. Во местата каде што има потреба од кадар, МИОА ќе понуди помош.

Комплетната информација ТУКА. (Крај)

извор: Мета.мк/ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Проекции на филмот „Најсреќниот човек на светот“ утре и задутре во Охрид
Next АК „Охрид“ со одличен настап на Меѓународниот атлетски митинг „Бар 2023“ во Црна Гора

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.