Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Се одбележува Светскиот ден на дијабетесот

Се одбележува Светскиот ден на дијабетесот

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје/Охрид, 14. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден за борба против дијабетесот, шеќерната болест или како што се нарекува чума на модерното време.

Годинашното мото под кое Сојузот на здруженија на дијабетичари ќе го одбележи денот е „Соочени со предизвиците на дијабетесот во Македонија-дејствуваме пред да стане непоправливо“.

Немање континуитет во достапноста на современа терапија, пристап до медицински помагала за мониторинг на гликемијата, како и недостаток од континуирана и структурна едукација се предизвиците со кои се соочуваат пациентите болни од дијабетесот.

1 од 10 возрасни луѓе во светот има дијабетес. Над 90% имаат дијабетес тип 2. Скоро половина сѐ уште не се дијагностицирани.

Во Република Македонија, според регистарот за шеќерна болест за 2022 година, објавен од Институтот за jавно здравје, бројот на ново регистрирани новодијагностицирани болни со дијабет изнесува 7.737 случаи, а вкупната преваленца изнесува 134. 668 случаи.

За оваа болест нема возрасна граница. Како причини за појава се наведени брзата и нередовна исхрана, долгото седење пред компјутер со што отсуствува физичката активност. Дијабетесот е главна причина за откажување на бубрезите, срцев удар, мозожен удар и ампутација на долните екстремитети. Лекарите препорачуваат движење, физичката активност и консумирање храна повеќе пати во текот на денот, но во помали количини.

Дијабетесот е хронична болест која се јавува кога човечкиот организам не успева правилно да го користи и да го складира шеќерот.

hranadijabetes

Има два типа дијабетес, тип 1 и тип 2. Дијабетесот од тип 1 е автоимуно заболување со можна генетска предиспозиција. Се јавува во која било возраст, но најчесто кај деца, тинејџери или млади луѓе. Кај овој тип дијабетес панкреасот создава многу малку или воопшто не создава инсулин.

Дијабетесот од тип 2 е најчеста форма на болеста, која претежно ги афектира возрасните, но во последните години се јавува и кај тинејџерите и младите лица поради прекумерно зголемување на телесната тежина. Кај овој тип на дијабетес, панкреасот најчесто создава инсулин, но или таа количина не е доволна за потребите на организмот или клетките се резистентни на инсулинот.

Дијабетесот се јавува и кај бремените жени и тој тип е познат како гестациски дијабетес. Причината за појавата на дијабетесот лежи во тоа што за време на бременоста хормоните од плацентата ја блокираат активноста на инсулинот, а со тоа се спречува влезот на гликозата во клетките и расте нивото на гликозата во крвта. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Од утре задолжително поседување зимска опрема во возилата
Next Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари, најави министерот Бектеши

Слични вести

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво
1 min read

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.