Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од утре задолжително поседување зимска опрема во возилата

Од утре задолжително поседување зимска опрема во возилата

1 min read

Охрид, 14. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Од утре стапува на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Според Правилнкот за задолжителна опрема во возилото под зимска опрема се подразбира:

(1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира:
– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm.
– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

(2) Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира:
– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm.
– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

(3) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира:
– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm.
– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и – прирачен алат – лопата.

(4) Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

(5) Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде на возачот кој ја нема пропишаната опрема.

Законската обврска трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Нивото на Охридското Езеро го надмина просекот за ноември
Next Се одбележува Светскиот ден на дијабетесот

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.