Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Се одбележува Светскиот ден на туризмот, Охрид бележи една од поуспешните сезони

Се одбележува Светскиот ден на туризмот, Охрид бележи една од поуспешните сезони

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 27. септември 2023 (ИНПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден на туризмот, а Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија бележи една од поуспешните сезони во текот на последните години.

Градоначалникот Кирил Пецков во неколку наврати изрази задоволство од исполнетоста на градот. Особено радува фактот што задоволителна исполнетост со странски туристи се бележи и во овој есенски период. Минатата година во општинската каса се слеале половина милион евра приход од туристичка такса. Годинава, според параметрите, би требало да се надмине оваа бројка, но сумираните резултати ќе ги имаме кон крајот на годината.

Дека имавме повеќе од успешна сезона покажуваат и податоците од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Директорот Љупчо Јаневски вели дека во првите седум месеци во 2023 година, Охрид и Скопје се најпосетувани градови од туристите и ги надминаа резултатите од 2019 година.

– Туристичкиот промет кај нас покажа раст и во вториот квартал за 2023 година и изнесува 136 милиони долари во македонската економија, со раст од 28% споредбено со истиот период 2022 година. Двата квартали во 2023 се со раст од 24% споредбено со претходната година. Вкупно двата квартали за 2023 година имаат раст од 24% компарирано со периодот од изминатата година, односно 229 милиони долари прилив од туристичкиот промет во БДП-то, вели Јаневски.

Проекциите се годинава да ја завршиме со остварени 3,3 милиони ноќевања и 500 милиони долари од македонскиот туристички сектор во домашната економија.

Како и секоја активност, туризмот има силни ефекти врз економијата, општеството и животната средина во земјите од кои доаѓаат туристите, а особено во земјите што примаат туристи. Во текот на изминатите шест децении, туризмот доживеа континуирана експанзија и диверзификација и стана еден од најбрзо растечките и најзначајните економски сектори во светот.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот дел на туризмот, македонското министерство за економија ќе додели признанија за учесниците во туристичко-угостителскиот процес за 2023 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Во сабота во Лагадин традиционално ќе се одбележи празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
Next Радески: Чест и задоволство е да се биде домаќин на Меѓународниот натпревар GATUS 2023, каде сме постигнувале забележителни успеси

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.