Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Радески: Чест и задоволство е да се биде домаќин на Меѓународниот натпревар GATUS 2023, каде сме постигнувале забележителни успеси

Радески: Чест и задоволство е да се биде домаќин на Меѓународниот натпревар GATUS 2023, каде сме постигнувале забележителни успеси

1 min read
Радески: Чест и задоволство е да се биде домаќин на Меѓународниот натпревар GATUS 2023, каде сме постигнувале забележителни успеси

Охрид, 27. септември 2023 (ИНПРЕС) – Од утре до недела Охрид и Регионалниот центар за средно стручно образование и обука (РЦСОО) „Ванчо Питошески“ се домаќини на 11. Меѓународен натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта – GATUS 2023.

Директорот на училиштето Марјан Радески во изјава за Супер радио и InPress изрази огромна чест и задоволство што ќе бидеме домаќини на овој значаен натпревар. Во Охрид доаѓаат учесници од 15 училишта од земјите од поранешна Југославија, кои ќе се натпреваруваат во дисциплините готварство, угостителско послужување и подготовка на туристички аранжман, со посебен акцент на планинскиот, рурален туризам.

– Имаме учесници од Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Опатија, Осиек и Сплит (Хрватска), Бања Лука и Приедор (Босна и Херцеговина – Република Српска), Белград, Смедерево и Лесковац (Србија), Бар и Херцег Нови (Црна Гора) и Охрид и Македонски Брод (Република Македонија).
Ќе се натпреваруваат околу 200 учесници, во хотелите „Метропол“ и „Белви“, каде ќе бидат и сместени, а ќе се натпреватуваат во дисциплините: готварство, угостителско послужување и подготовка на туристички аранжман, со посебен акцент на планинскиот, рурален туризам. На најдобрите и највештите учесници – ученици и ментори, ќе им бидат доделени признанија за постигнатиот успех, вели Радески.

Нема опис за фотографијата.

Тој додава дека покрај официјалниот, натпреварувачки дел, за учесниците е предвидено организирано разгледување на најзначајните споменици на историјата и културата во старото градско јадро, манастирскиот комплекс „Свети Наум“ и локалитетот „Залив на коските“.

Радески потенцира дека ученици и нивни ментори од нашето училиште се редовни учесници на GATUS и постигнуваат забележителни успеси. Така од минатогодишното издание што се одржа во Словенија се вратија со два сребрени и еден бронзен медал. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Се одбележува Светскиот ден на туризмот, Охрид бележи една од поуспешните сезони
Next Со искачување на Вихрен ќе бидат заокружени активностите на Жанко ЗШ Голабоски и екипата на Супер радио за поддршка на лицата со мултипла склероза

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.