Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со искачување на Вихрен ќе бидат заокружени активностите на Жанко ЗШ Голабоски и екипата на Супер радио за поддршка на лицата со мултипла склероза

Со искачување на Вихрен ќе бидат заокружени активностите на Жанко ЗШ Голабоски и екипата на Супер радио за поддршка на лицата со мултипла склероза

1 min read
Со искачување на Вихрен ќе бидат заокружени активностите на Жанко ЗШ Голабоски и екипата на Супер радио за поддршка на лицата со мултипла склероза

Охрид, 28. септември 2023 (ИНПРЕС) – И овој септември, комплетната екипа на охридското Супер радио и активистот Жанко ЗШ Голабоски со силна поддршка за лицата со Мултипла склероза (МС).

Веќе петта година по ред, во месецот посветен на лицата со МС, Супер радио и јас имавме многу акции, искачивме многу врвови, потенцира Голабоски.

– Почнавме од Кораб, продолживме со Магаро, Црн Камен на Јабланица, Лако Сигној на Галичица, имавме планинарски марш од 20-на километри со ученици од Гимназија, имавме крводарителска акција, а целиот настан сакавме да го завршиме со искачување на Вихрен во соседна Бугарија. Продолжуваме…Ме прашуваат зошто толку поддршка, активности, дали имате некој во фамилијата со МС? Не, немаме, имам другарка во Скопје со МС и така се сетив во септември да почнме акции, да искачуваме врвови под мотото „Чекориме за лицата со МС“, истакна Голабоски.

Најави дека не само во септември, туку дека поддршка од нас ќе има и во текот на целата година.

Супер радио минатата година беше дел од екипата која го адаптираше видеото „Мојата мајка има МС“ на македонски и албански јазик за предизвиците и справувањето со МС. Во рамки на четвртата сезона од националната кампања „Ги запознаваме ретките болести”, благодарение на добрата соработка со Национално здружение за МС – National association for MS ја обработивме Мултипла склерозата кај детската популација.

Инаку Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза четврта година по ред ја спроведува кампањата Септември – месец за подигнување на свеста за мултипла склероза.

Оваа кампања има за цел преку физичката активност (пешачење, искачување планини, возење велосипед и други активности) да ги анимира лицата со МС и нашите поддржувачи за да се подигне свеста за МС, односно пошироката популација да се запознае со оваа состојба, како и со потребите и предизвиците со кои се соочуваат лицата кои боледуваат од МС. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Post navigation

Previous Радески: Чест и задоволство е да се биде домаќин на Меѓународниот натпревар GATUS 2023, каде сме постигнувале забележителни успеси
Next Утре во Лагадин традиционално ќе се одбележи празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.