Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со културната манифестација „Создадена да создава“ Охрид ќе го одбележи 8. Март

Со културната манифестација „Создадена да создава“ Охрид ќе го одбележи 8. Март

1 min read
Со културната манифестација „Создадена да создава“ Охрид ќе го одбележи 8. Март

Охрид, 3. март 2026 (ИНПРЕС) – Со културната манифестација „Создадена да создава“, Охрид ќе го одбележи 8. Март – Меѓународниот ден на жената.

Предвидените настани ќе се одржат во сабота, на 7- ми март. Од 17:30 часот во Арт Тераса ќе биде отворена изложбата на фотографии „Жени во фокусот“ на младата охриѓанка Нина Анѓелоска, по што ќе бидат врачени фотографии на 12 жени во фокусот. Ќе следи концерт на Ѓорѓи Ѓорчев и Кате Танева. Од 18:30 часот во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата на жени сликарки од Женски центар „Бисера“, а од 19:00 часот во Арт Тераса уште една изложба на Фото клуб „Охрид“ насловена „Жени зад објективот“.

Празничната програма ќе биде заокружена со коцерт на гитаристот Дејан Милевски од 20:00 часот, во црквата Св.Софија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид на крајот на март ќе биде домаќин на 5. Рапид турнир во шах „Езерски бисер 2026“
Next Спортски ден во Велгошти по повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.