Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со палење на фестивалскиот оган и читање на „Т’га за југ“ вечерва почнуваат Струшките вечери на поезијата

Со палење на фестивалскиот оган и читање на „Т’га за југ“ вечерва почнуваат Струшките вечери на поезијата

1 min read

Струга, 24. август 2023 (ИНПРЕС) – Со традиционално читање на „Т’га за југ“ и палење на фестивалскиот оган вечерва ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, што ќе се одржува на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Сепак фестивалските настани започнуваат точно напладне во Паркот на поезијата со садење дрво во чест на годинешниот лауреат и добитник на „Златниот венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ.

Фестивалот се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“.

Ќе има меѓународни поетски читања предводени од над 25 странски и домашни поети од постарата, но и помладата генерација.

За сабота од 20:30 часот во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид е предвиден поетски портрет на лауреатот на наградата „Златен венец“, Влада Урошевиќ, а претходно од 19:00 часот ќе се одржи свечен настан по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов, кој бил и претседател на првиот фестивалски одбор.

Во рамки на годинашната програма предвидени се и портрети на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски.

Програмата опфаќа и одржување тркалезна маса на тема: Поетскиот јазик и вештачката интелигенција.

Свеченото затворање на фестивалот е во недела од 20:30 часот со манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија.

Од фестивалската управа информираат дека за потребите за поставување сценографија за отворање и затворање на фестивалот, денес од 12:00 часот ќе биде затворена улицата за патнички возила на кејот „Борис Кидрич“ во Струга, додека пак во сабота, 26-ти август планирано е да се затвори улицата „Партизанска“ во Струга. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Ohrid water festival: Нуркање за деца со НЦ „Амфора“ во базен пред хотелот „Палас“
Next Вечерва ќе бидат претставени учесниците на 36. Охридски пливачки маратон

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.