Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Српско-унгарски полициски патроли на границата меѓу Србија и Македонија

Српско-унгарски полициски патроли на границата меѓу Србија и Македонија

1 min read

Белград, 29.јуни 2015 (ИНПРЕС) – На границата меѓу Србија и Македонија од денеска почнаа заеднички полициски патроли на припадниците за полициите на Србија и Унгарија, изјави српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

При посета на базата на Нуркачката единица на жандармеријата во Белград, Стефановиќ истакна дека десет унгарски полицајци учествуваат во четири патроли опремени со термовизиски камери, кои патролираат на македонско-српската граница со цел да спречат илегални преминувања на имигранти.

– Работиме на намалување на нелегални преминувања и наскоро ќе почнеме соработка и со германската и австриската полиција, рече Стефановиќ, прецизирајќи дека во Србија во наредниот период ќе пристигнат 20 германски и 10 австриски полицајци опремени со термовизиска опрема.

Тој додаде дека за проблемот со илегалните имигранти српските власти разговорале и со бугарската полиција.

– Ќе имеме серија на состаноци да договориме заедничка патрола за поефикасна заштита на границата, но и осигурување на основните човечки права на имиграните, порача српскиот министер.(Крај)

извор:Плусинфо  фото:архива

Post navigation

Previous Меркел подготвена да разговара со Ципрас
Next „Баер“ и „Мерк“ и натаму ќе испорачуваат лекови за Грција

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.