Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Струга, 16. јануари 2023 (ИНПРЕС) – По отпочнувањето на процедурите за третирање на кучињата скитници, на барање на струшкиот градоначалник Рамис Мерко изработен е проект за прифатилиште за бездомни кучиња.
– На пошироката струшка јавност добро и е познато ова прашање и сите сме свесни колку каснувања предизвикале овие кучиња, колку страв сеат, особено кога станува збор за деца, дами и нашите постари родители или други беспомошни лица. Наш приоритет секогаш ќе остане безбедноста и здравјето на нашите граѓани, но и заштитата и зачувувањето на животните, стои во соопштението од општина Струга.


Градоначалникот Мерко апелира до организациите за заштита на животните посериозно да се позанимаваат со оваа проблематика.
– Не само да се грижат за кучињата, туку и да иницираат заштита на луѓето, следење на луѓето кои ги растоваруват кучињата во нашиот град и нивно пријавување до надлежните институции, додаваат од општината.
За реализација на проектот изработен од струшките архитекти Валмир Далипи и Бесјан Положани се бара помош од Владата, преку заеднички средства или од ИПА фондовите. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
