Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Струјата од први јануари ќе поевтини за првиот блок за 5,16 отсто, за вториот останува иста, а за третиот и четвртиот блок поскапува за 2,88% и 1,86%

Струјата од први јануари ќе поевтини за првиот блок за 5,16 отсто, за вториот останува иста, а за третиот и четвртиот блок поскапува за 2,88% и 1,86%

1 min read

Скопје, 26. декември 2023 (ИНПРЕС) – Корисниците на електрична енергија од првиот блок кои имаат најмала потрошувачка од први јануари ќе плаќаат поевтина струја, цената на струјата за корисниците од вториот блок останува иста, а поскапува струјата за корисниците од третиот и од четвртиот блок.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски ги соопшти нивите цени на струјата за домаќинства.

– Цената на струјата од 1-ви јануари се намалува за прв блок за 5,16%, втор блок и евтина се исти, трет блок се зголемува за 2,88% и четврт блок се зголемува за 1,86%. Доколку не се воведеше надоместок за пристап кон мрежа, цената на прв блок ќе се зголемеше за 3,4 %, втор блок се зголемува за 8,62%, трет блок за 9,46%, четврт блок за 4,92% и евтината тарифа за 15,42%, вели Бислимовски.

Со новиот концепт пристап кон мрежа, Бислимовски смета дека е напраева фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите, а мрежарината се намалува за скоро 23 %.

АД МЕПСО, Електродистрибуција и МЕМО побараа од Регулаторната комисија струјата од 1 јануари да поскапи 27 %, но можноста за толкаво поскапување, претседателот Бислимовски ја исклучи кусо време по добивањето на барањата со најава дека ќе се анализираат пресметките.

Пред две недели министерот за економија Крешник Бектеши уверуваше дека струјата нема да поскапи од 1-ви јануари оти барањата за поскапување од 27 % најверојатно нема да бидат прифатени. За корисниците од првиот и вториот блок рече дека не очекува промена во сметките, но можни измени најави кај оние кои се поголеми потрошувачи. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

Post navigation

Previous Волшебната новогодишна бајка со Биби и Боби овој петок во Охрид
Next Во тек се подготовките за манифестацијата „Бадникови поворки“ во Охрид

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.