Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Тренчевска: „Во мојот свет“ секогаш ме изненадува со современа опрема и со приказни за успешно променета состојба на децата со попреченост

Тренчевска: „Во мојот свет“ секогаш ме изненадува со современа опрема и со приказни за успешно променета состојба на децата со попреченост

Охрид, 3. март 2023 (ИНПРЕС) – Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Охрид го посети Центарот за рана интервенција и третман на деца со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ во рамките на Општата болница во Охрид.

Овој центар спроведува мултисензорна терапија и претставува прв ваков во регионот. Во центарот има вработено како стручен тим: логопеди и дефектолози кои спроведуваат дефектолошки и логопедски третмани за деца како и сензорна терапија.

Тренчевска беше пречекана од страна на Ангела Чингоска која е дипломирана Специјална едукаторка и рехабилитаторка која работи во центарот веќе четири години односно од почетокот на неговото отворање. Таа ја информираше министерката дека во центарот моментално се спроведува третмани на вкупно 124 деца. Ангела ја искажа својата загриженост дека бројот на деца кои имаат потреба од ваква терапија секојдневно се зголемува, но истакна дека тоа и на некој начин охрабрува затоа што се подигнува свеста на родителите и се повеќе бараат помош од страна на стручните лица.

Вработената при непосреден разговор со Тренчевска го објасни и Неурофидбекот како терапија, која е достапна во центарот. Тоа е терапија која се заснова на следење на мозочната активност и добивање повратна информација, односно фидбек. При што се влијае на внатрешните регулаторни мрежи на мозокот и со тоа зголемувајќи ја мозочната пластичност. Ангела информираше дека неурофибекот е комплементарен третман на дефектолошкиот и логопедскиот третман, при што взаемно водат кон подобри резултати во целокупниот психомоторен развој кај детето.

Тренчевска имаше прилика да помине време и да се запознае со децата кои го посетуваат центарот. (Крај)

извор: Влада на РМ фото: Влада на РМ

Post navigation

Previous Жителите на улица „Гоце Делчев“ неколку часа без вода
Next Следната средба меѓу Вучиќ и Курти ќе се одржи на 18-ти март во Охрид

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.