Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Убавата Каролин, со потекло од Охрид ја сними одличната „Зора“ (Видео)

Убавата Каролин, со потекло од Охрид ја сними одличната „Зора“ (Видео)

1 min read
Убавата Каролин, со потекло од Охрид ја сними одличната „Зора“ (Видео)

Охрид, 27. јули 2023 (ИНПРЕС) – Таа е харизматична и нежна, но истовремено енергично-дива, синоока убавица. Каролин Велковски е 26 годишна пејачка, која е  родена и живее во Виена, а е со потекло од Охрид и Прилеп.

Вели дека за местото на живеење е малку дискутабилно да се зборува бидејќи со момче кое е фудбалер и настапи насекаде низ Австија и Македонија не се живее на едно место. Така, градови што за неа биле „втор дом“ се и Скопје, Мадрид и Пула, а денес живее на релација Австрија, Чешка и Македонија.

Каролин е правничка која има завршено два факултета, економија со маркетинг и правен, а долго време работела во адвокатска канцеларија. Музиката и танцот отсекогаш и биле неостварена желба. Јавноста ја запозна и во шоуто „Звездите на Гранд“ во сезоната 2021\22, каде стигна до третиот круг.

„Зора“ е нејзината втора песна, прва на македонски јазик. Песната е во поп-ориентал стил, летна песна која е со модерен ритам и впечатлив рефрен кој влегува во уво, асоцира на рано утро, сонце, уживање, љубов, лето. Како автори се јавуваат Дони Балкан и Сандра Лукиќ, а текстот е дело на самата Каролин.

Младата пејачка најавува настап на еден од нашите реномирани музички фестивали, а до крајот на годината се планирани уште две нови песни на македонски јазик, многу поголемо присуство со јавни настапи на македонската музичка сцена.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Се’ е подготвено за почеток на научната и уметничка визита 2023 година
Next Светскиот ден за борба против хепатитисот ќе се одбележи во Охрид и Струга

Слични вести

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје
1 min read

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.