Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Светскиот ден за борба против хепатитисот ќе се одбележи во Охрид и Струга

Светскиот ден за борба против хепатитисот ќе се одбележи во Охрид и Струга

1 min read

Охрид/Струга, 27. јули 2023 (ИНПРЕС) – Секоја година, 28-ми јули се одбележува како Светски ден за борба против хепатитисот.

Министерството за здравство на Република Македонија, во соработка и партнерство со Хепар Центар Битола и Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид, Универзитетските Клиники за Гастроентерохепатологија, Инфективни заболувања, Дигестивна Хирургија, Онкологија, интервентна радиологија ги претставуваат најзначајните напредоци и активности во борбата против хепатитисот, црнодробниот карцином и други заболувања на црниот дроб во нашата земја.

– Нашата кампања ќе се одржи во повеќе градови во нашата земја по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот за подигнување на свесноста на населението. На оваа кампања, ќе ги претставиме резултатите од најновите истражувања и напредокот во лекувањето на хепатитисот B и C, како и црнодробниот карцином. Додатно, сме горди да ви најавиме дека го отвораме првиот црнодробен центар во нашата земја. Центарот е опремен сo најсовремена дијагностика и современа терапија, што ќе ни овозможи да ги зголемиме шансите за излекување и подобрување на квалитетот на живот на пациентите. Амбулантно возило од Урегентиот центар опремено со најсвремнеи тестови за тестирање на хепатитис Б, Ц и ХИВ како и најсовремен еластограф кој ќе се изведува бесплатен и анонимен скриниг на граѓаните за црниот дроб. Еден од најголемите предизвици во борбата против хепатитисот е превенцијата и раното откривање. Затоа, со голема посветеност, ќе ја претставиме нашата мобилна единица, која ќе обезбедува тестирање за хепатитис Б и C, како и ХИВ и еластографија неинвазивна дијагностика базирана на ултразвук која се користи за мерење на (лузни) оштетувања на црниот дроб или фиброза предизвикани од најразлични заболувања на црниот дроб во осум градови во нашата земја: Скопје, Тетово, Гостивар, Струга, Охрид, Битола, Струмица и Штип. Оваа иницијатива ни овозможува да стигнеме до поголем број на луѓе и да го препознаеме заболувањето во рана фаза, што е од суштинска важност за успешното лекување, информираат организаторите.

Додаваат дека нивната борба против хепатитисот не се ограничува само на овој ден, туку трае цела година.

– Ние сме решени да продолжиме да ја подигнуваме свеста кај луѓето за заболувањата на црниот дроб и начините за превенција и лекување. Министерството за здравство, Хепар Центар Битола, клиниките и другите здравствени институции, работиме за подобрување на здравствената нега и услугите за сите граѓани. Благодариме на сите што ќе учествуваат и ја помогнат нашата кампања и ќе бидат дел од активностите поврзани со Светскиот ден за борба против хепатитисот, потенцираат во дописот до медиумите.

Во недела, на 30-ти јули 2023 година, на Градскиот плоштад во Охрид, во периодот од 09:00 до 11:00 часот ќе се одржи настанот, а прес конференцијата на која ќе бидат соопштени деталите ќе започне во 10:00 часот.

Истиот ден, настан ќе се одржи и на Градскиот плоштад во Струга, во близина на Мостот на поезијата, во периодот од 18:00 до 20:00 часот.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Убавата Каролин, со потекло од Охрид ја сними одличната „Зора“ (Видео)
Next Младиот Јован Кутаноски од Струга, повеќекратен првак во триатлон, дуатлон и акватлон е голем талент поддржан во кампањата на АСОМ

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.