Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Убавините на Македонија и Охрид се претставуваат на најпрестижниот туристички саем во Турција EMITT во Истанбул

Убавините на Македонија и Охрид се претставуваат на најпрестижниот туристички саем во Турција EMITT во Истанбул

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Истанбул/Охрид, 12. Април 2023 (ИНПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), заедно со туристичкиот сектор се дел од најголемата интернационална саемска манифестација во Истанбул, Турција.

На 26-тата меѓународна изложба за туризам и патување ЕМIТТ- East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibition се промовира нашата земја како важна туристичка дестинација за турските туристи.

– На репрезентативен штанд заедно со македонскиот туристички сектор меѓу кои, Бадем Тур, ЈК Травел, хотел Фама, СУ хотел, општина Струга и ПЦС Тур ќе ја промовираат нашата земја како важна туристичка дестинација за турските туристи. Од 12-ти до 15-ти април илјадници странски посетители ќе се запознаат со природните убавини, историските, културните знаменитости и етно-гастро туризмот на Македонија. Се очекува изложбениот простор на Република Македонија традиционално да е посетен од бројни високи претставици од Република Турција, како и значајни учесници од реалниот сектор, информираат од агенцијата.

Можно е да е слика од 15 луѓе

ЕМIТТ продолжува да ја обликува индустријата со корисни содржини и партнерства и е клучна платформа за развој на туристичката индустрија и помагање на туристичкото стопанство да добие поголем импулс.

Со саемското претставување на EMITT туристичкиот сектор отвора нови можности за зголемување на бројот на турски туристи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous На 18-ти април бесплатен влез во подружниците на Завод и Музеј Охрид
Next Договори со „Виз Ер“ и „Луфтханза“ за субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгарт, Салцбург и Љубљана

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.