Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Истанбул/Охрид, 12. Април 2023 (ИНПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), заедно со туристичкиот сектор се дел од најголемата интернационална саемска манифестација во Истанбул, Турција.
На 26-тата меѓународна изложба за туризам и патување ЕМIТТ- East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibition се промовира нашата земја како важна туристичка дестинација за турските туристи.
– На репрезентативен штанд заедно со македонскиот туристички сектор меѓу кои, Бадем Тур, ЈК Травел, хотел Фама, СУ хотел, општина Струга и ПЦС Тур ќе ја промовираат нашата земја како важна туристичка дестинација за турските туристи. Од 12-ти до 15-ти април илјадници странски посетители ќе се запознаат со природните убавини, историските, културните знаменитости и етно-гастро туризмот на Македонија. Се очекува изложбениот простор на Република Македонија традиционално да е посетен од бројни високи претставици од Република Турција, како и значајни учесници од реалниот сектор, информираат од агенцијата.

ЕМIТТ продолжува да ја обликува индустријата со корисни содржини и партнерства и е клучна платформа за развој на туристичката индустрија и помагање на туристичкото стопанство да добие поголем импулс.
Со саемското претставување на EMITT туристичкиот сектор отвора нови можности за зголемување на бројот на турски туристи. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
