Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Управниот суд ја одби како неоснована тужбата на Европскиот фронт за решението на ДИК за прегласувањето во Желино

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата на Европскиот фронт за решението на ДИК за прегласувањето во Желино

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 30. мај 2024 (ИНПРЕС) – Управниот суд на синоќа одржана јавна расправа ја одби како неоснована тужбата поднесена од Коалицијата Европски фронт на Парламентарните избори 2024, против решението на Државната изборна комисија на РСМ за прегласувањето на избирачкото место 2101 во село Ларце во општина Желино.

– Тужбата на тужителот Коалиција „Европски фронт“ предводена од Демократска унија за интеграција (Движење на народот – ДН, Демократска партија на Албанците, Европска демократска партија ЕДП, Демократска партија на Турците, Политичка партија Унија на Ромите – УРА, Политичка партија Бошњачки Демократски Сојуз – БДС) изборна кампања – Парламентарни избори 2024 година, во Изборна единица 1, 2, 3, 4, 5 и 6, поднесена против Решението на Државна Изборна Комисија на Република Македонија УП1.бр.10-33 од 27.05.2024 година, се одбива како несонова, стои во пресудата објавена на веб страницата на Управниот суд.

Со ваквата пресдуа, се потврдува Решението на Државна изборна комисија на Република Македонија УП1.бр.10-33 од 27.05.2024 година, се наведува во соопштението.

Целосната одлука со образложение на истата, како што наведуваат од Упарвниот суд, ќе биде објавена на Судскиот портал, согласно рокот определен во Изборниот законик.

ДИК на седницата одржана на 27 мај, не го прифати приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце каде по прегласувањето, Европскиот фронт загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, а Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.

Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на парламентарните избори 2024, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати. (Крај)

извор: Сител фото: архива

Post navigation

Previous Дното на Охридското Езеро во сабота ќе се чисти од цврст отпад
Next Свеченост по повод канонизацијата на Светите Спасе и Спаса Вишенски

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.