Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утревечер во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Антологија 3“

Утревечер во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Антологија 3“

1 min read

Охрид, 3. август 2023 (ИНПРЕС) – Утревечер од 20:00 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Антологија 3“.

– Оваа трета едиција на изложбата Антологија е посветена на апстрактното сликарство и енформелот во Македонија и во бившите југословенски простори и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност во нашата институција. Апстрактната уметност на тлото на бившите југословенски простори во вистинскa смисла, се појавува после педесеттите години на 20. век и е морфолошки поделена на два вида сензибилитети, од една страна конструктивниот геометризам, геометриската апстракција, а од друга страна, е акцијата и гестуалниот потез, односно апстрактниот експресионизам, лирската апстракција и енформелот, информираат организаторите.

Додаваат дека естетиката на апстрактниот експресионизам и лирската апстракција ќе го изменат перцептивниот однос кон предметите, а со тоа и самата психологија на создавањето на уметничкото дело, така што создавањето е сфатено како импулс на внатрешна енергија, односно како единство на гестот, знакот и акцијата.

– Енформелот од друга страна како правец доаѓа малку подоцна, односно кон крајот на шеесеттите години на 20. век. Енформелот ја носи со себе естетиката на чиста љубов кон материјата, каде што делото ја напушта целосно смислата за боја, линија и гест и постанува исечок од една макро или микро природа, потенцираат организаторите на изложбата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Расфрлани лименки, пластични и стаклени шишиња, остатоци од храна…секоја година иста слика
Next Утре промоција на поетската збирка „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова- Лори

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.