Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре промоција на поетската збирка „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова- Лори

Утре промоција на поетската збирка „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова- Лори

1 min read

Охрид, 3. август 2023 (ИНПРЕС) – Утревечер со почеток во 20:00 часот, во Куќата на Уранија во Охрид ќе биде промовирана петтата поетска збирка на македонската поетеса Долорес Атанасова- Лори, насловена „Сега ти стануваш јас“.

Под издаваштво на „Чудна шума“, промоцијата ќе ја модерира Билјана Црвенковска, а промоторка на збирката ќе биде Ана Голејшка- Џикова.

– Најновиот поетски ракопис „Сега ти стануваш јас“ на поетесата Д. А. Лори, кој доаѓа по успешните поетски книги „Будење во трето лице еднина“, „Со ветрот под рака“, „Небо во кафез“ и „Ќе фатит бран“, ги интригираше читателите кои имаа можност да го посведочат создавањето на книгата преку песните кои авторката ги објавуваше на инстаграм сториња. Песните се создадени за кус временски период, под голем креативен набој. Стерната беше отворена и песните надоаѓаа како што надоаѓа вода и допираат длабоко до свеста на читателот кој гледа како песната се создава и исчезнува пред неговите очи, поради краткотрајноста на објавата, како што минува и животот; денес си, утре не си, пишува Снежана Стојчевска, рецензент на книгата. (Крај)

извор: radiomof.mk фото: radiomof.mk

Post navigation

Previous Утревечер во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Антологија 3“
Next Десет познати уметници на годинашната 38. Меѓународна ликовна колонија „Дебрца 2023“

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.