Охрид, 2. јули 2026 (ИНПРЕС) – Од утре до 6 јули во Охрид ќе се одржи јубилејниот 65. Балкански фестивал на народни песни и игри, најстарата фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.
Честа да го отвори фестивалот и годинава му припадна на нашиот културен амбасадор, Ансамблот за народни песни и игри „Танец“, а претходно „Билјана платно белеше“ ќе ја изведе КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид. На четирите фестивалски вечери ќе настапат ансамбли од Хрватска, Албанија, Бугарија и домаќинот Македонија.
Фестивалот е под покровителство на Собранието на Република Македонија.
Програмата на фолклорните ансамбли ќе се одржува во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:30 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
