Охрид, 18. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Утре од 10:00 часот во ООУ „Кочо Рацин“ ќе се одржи показна вежба за евакуација по сценарио за случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност, информираат од СВР Охрид.
– Вежбата ќе се реализира по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес, изработено од отсекот за превенција при СВР Охрид и Црвениот крст Охрид а со кое, со кое се запознаени учениците, наставниците, Регионалниот центар за управување со кризи, претставниците од Општинскиот инспекторат за образование и останатите учесници, Територијалната противпожарна единица Охрид, Итната медицинска помош и другите институции, стои во соопштението.
Вежбата има превентивен карактер, а целта е подигнување на степенот на безбедносни мерки и подготвеност кај учениците и наставниците за поефикасна заштита при земјотреси и други елементарни непогоди. Показната вежба се спроведува согласно планот за заштита и евакуација при несреќи и планот за работа на училиштата во вонредни околности, организирање мобилизациски собиралишта и сл.
За време на одржувањето на симулациската вежба, полициски службеници од СВР Охрид, привремено за сообраќај ќе ја затворат улицата „Новопроектирана“ која поминува низ охридската касарна. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
