Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре показна вежба за евакуација по случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност

Утре показна вежба за евакуација по случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност

Утре показна вежба за евакуација по случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност

Охрид, 18. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Утре од  10:00 часот во ООУ „Кочо Рацин“ ќе се одржи показна вежба за евакуација по сценарио за случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност, информираат од СВР Охрид.

– Вежбата ќе се реализира по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес, изработено од отсекот за превенција при СВР Охрид и Црвениот крст Охрид а со кое, со кое се запознаени учениците, наставниците, Регионалниот центар за управување со кризи, претставниците од Општинскиот инспекторат за образование и останатите учесници, Територијалната противпожарна единица Охрид, Итната медицинска помош и другите институции, стои во соопштението.

Вежбата има превентивен карактер, а целта е подигнување на степенот на безбедносни мерки и подготвеност кај учениците и наставниците за поефикасна заштита при земјотреси и други елементарни непогоди. Показната вежба се спроведува согласно планот за заштита и евакуација при несреќи и планот за работа на училиштата во вонредни околности, организирање мобилизациски собиралишта и сл.

За време на одржувањето на симулациската вежба, полициски службеници од СВР Охрид, привремено за сообраќај ќе ја затворат улицата „Новопроектирана“ која поминува низ охридската касарна. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Езерскиот водостој за една недела покачен за 4 сантиметри
Next Оперската дива Миланка Новеска во Рим интензивно се подготвува за улогата на Росина во „Севилскиот бербер“

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.