Охрид, 22. април 2026 (ИНПРЕС) – Утре ќе се подигнува селектиран отпад од кантите за селекција на неколку охридски улици, информираат од ЈП „Охридски комуналец“ од Охрид.
– Согласно измените во календарот за 2026 година за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, во петок, на 6-ти февруари, ќе се подигнува отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција на улиците „Железничка”, „Прилепска”, „Винковачка”, „Будва“, „Крали Марко” и „8-ми март”. Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат календарот за подигнување селектиран отпад затоа што нашата иднина зависи од секој еден од нас, информираат од претпријатието. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
