Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Приштина, 17. декември 2014 (ИНПРЕС) – Денес во Приштина ќе се одржи Форум за Води, организиран од страна на Регионалниот центар за животна средина за Централна и источна Европа (РЕЦ), преку иницијативата за безбедност и животна средина (Environment and Security Initiative – ENVSEC).
На форумот главни теми се ефикасното управување со водите, посебно во прекуграничен аспект и еко дипломатијата и дипломатијата за води како носител на процесите во регионот на Југоисточна Европа. На темата еко-дипломатија и дипломатија за води панелист ќе биде Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат, кој на Форумот ќе предава за искуствата со еко-дипломатијата околу Дримскиот Басен, начинот на спроведување на Дримскиот дијалог, потпишувањето на Меморандумот за Дримскиот Басен и еко-дипломатијата околу одобрувањето на Дримскиот проект од страна на Глобалниот еколошки Фонд од Вашингтон.
– Комплексноста во управувањето со водените ресурси и интересите околу нив бара користење на еко-дипломатијата на неколку нивоа. Искуствата кои ги имаме може да помогнат во управувањето со предизвиците на потенцијалните конфликти помеѓу науката, менаџерството и политиката, но и конфликтите врзани за националните интереси во сливови кои се споделени меѓу неколку земји. Водите се круцијална потреба од низа аспекти и сектори и потенцијал или за конфликт или за соработка, вели Пановски. (Крај)
извор: Супер радио фото: архива
