Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Црвен крст Охрид започна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода

Црвен крст Охрид започна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода

1 min read
Црвен крст Охрид започна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода

Охрид, 18. мај 2026 (ИНПРЕС) – Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид започна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода, кои ќе се грижат за безбедноста на охридските капалишта во текот на летната сезона.

Заинтересираните кандидати треба да се постари од 17 години, да бидат психофизички подготвени, да знаат да пливаат и да достават потврда за здравствена  способност за извршување на спортски активности, издадена од матичен лекар.

– Пред почетокот на теоретската и практичната обука, кандидатите ќе подлежат на влезни норми (пливање и нуркање). Обуката ја спроведуваат лиценцирани инструктори за безбедност на вода според меѓународните стандарди на International Life Saving (ILS). Заинтересираните кандидати треба да ги достават потребните документи во просториите на Црвен крст Охрид најдоцна до 15 јуни. За повеќе информации јавете се на телефон 079 350 639, на мејл redcrossohrid@watersafetycentre.mk или на веб страницата watersafetycentre.mk, информираат од Црвен крст Охрид.

Годинашната обука за нови спасители на отвоени води ќе се одржи во периодот од 21 до 28 јуни во Охрид.

Од организацијата потсетуваат дека со станувањето спасител се стекнува меѓународно признат сертификат, динамична работа во текот на летната сезона, како и развивање вештини за прва помош и спасување кои спасуваат животи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Матурска парада во четврток во Охрид
Next На 21-ви и 22-ри јуни ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Слични вести

Второ место за тимот на Црвен крст Охрид на Регионален натпревар по прва помош Второ место за тимот на Црвен крст Охрид на Регионален натпревар по прва помош
1 min read

Второ место за тимот на Црвен крст Охрид на Регионален натпревар по прва помош

Премиера на детската претстава „Кловн“ во недела во Центарот за култура „Григор Прличев“ Премиера на детската претстава „Кловн“ во недела во Центарот за култура „Григор Прличев“

Премиера на детската претстава „Кловн“ во недела во Центарот за култура „Григор Прличев“

Гудачкиот квартет „Атака“ во Белград ќе изведе дела од охридскиот композитор Гоце Гавриловски Гудачкиот квартет „Атака“ во Белград ќе изведе дела од охридскиот композитор Гоце Гавриловски

Гудачкиот квартет „Атака“ во Белград ќе изведе дела од охридскиот композитор Гоце Гавриловски

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.