Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Црвен крст Охрид продолжува со бесплатните услуги „Помош и нега во домот“ и „Лична асистенција на лица со попреченост“

Црвен крст Охрид продолжува со бесплатните услуги „Помош и нега во домот“ и „Лична асистенција на лица со попреченост“

Црвен крст Охрид продолжува со бесплатните услуги „Помош и нега во домот“ и „Лична асистенција на лица со попреченост“

Охрид, 10. март 2026 (ИНПРЕС) – И оваа година, Црвен крст Охрид е потписник на управен договор со Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Македонија, со што продолжува бесплатното обезбедување на овие услуги за граѓаните од Општина Охрид, за оние кои ги исполнуваат условите.

Општинската организација на Црвен крст Охрид е долгогодишен давател на социјална помош во заедницата. Како организација, таа е длабоко вкоренета во локалната средина каде континуирано ги развива и прилагодува своите програми и активности според основните потребите на најранливите групи. Уште од своето основање активно учествува во системот на социјална заштита преку обезбедување услуги и секојдневна поддршка за лица од ранливи категории.

Од 2022 година, Црвен крст Охрид дополнително ја проширува својата мисија со воведување на социјални услуги. Најпрво започна со услугата „Помош и нега во домот“, а потоа и со услугата „Лична асистенција на лица со попреченост“. Овие активности ја потврдуваат посветеноста на Црвен крст Охрид во обезбедување континуирана поддршка за луѓето на кои им е потребна секојдневна помош, истовремено зајакнувајќи ја улогата на Црвениот крст како важен партнер во обезбедувањето независност, достоинство и подобар квалитет на живот за старите лица и лицата со попречености.

Овие услуги опфаќаат сеопфатна помош и поддршка при активности што корисниците не можат самостојно да ги извршуваат поради видот и степенот на нивната попреченост, а кои се од суштинско значење за нивното секојдневно функционирање – како во сопствениот дом, така и надвор од него. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous ОУ „Живко Чинго“ на 23-ти март ќе го одбележи патрониот празник
Next Од 17-ти март Охрид авионски се поврзува со Братислава 

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.