Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Јанкулоски: Мора да се направат напори за набавка на пловен објект за интервенции на пожари од вода

Јанкулоски: Мора да се направат напори за набавка на пловен објект за интервенции на пожари од вода

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 18. мај 2023 (ИНПРЕС) – Во пресрет на туристичката сезона особено станува актуелно прашањето за интервенции на пожари од вода.

На ова поле засега нема ништо ново, а е важен сегмент во целокупното работење на охридската Територијална противпожарна единица.

Во разговор за Супер радио и InPress, a во пресрет на одбележувањето на 20-ти мај, Денот на пожарникарите и пожарникарството во Македонија, командирот на охридската противпожарна единица Борко Јанкулоски вели дека мора надлежните и сите засегнати страни да размислуваат, да се направат напори да се обезбеди пловен објект за интервенции на пожари што ќе го направи пристапот побрз и поефикасен, особено за делот кон Трпејца или Св.Наум.

– Особено во летниот период пристапот кон Св. Наум ни е отежнат и скоро невозможен во одредени периоди од денот. Тоа е нешто за што мора да се размислува, надлежните сите засегнати страни, да се направат напори да се обезбени пловен објект, потенцира Јанкулоски.

Во однос на бројот на интервенции во првиот квартал годинава имале 92 интервенции, а заклучно со денешниот ден се вкупно 111. Се интервенирало на пожари на објекти, отворен простор, сообраќајни средства, интервенции во услови на сообраќајна незгода, спасување луѓе и животни од височини и длабочини, санирање состојби после несреќи… Споредено со истиот период лани се бележи намалување во бројот на интервенции. На годишно ниво во 2021 година пожарникарите интервенирале 434 пати, додека во 2022 година 526.

Изминатиов период беа реализирани и бројни реконструктивни зафати на објектот на противпожарната единица.

– Променети се влезните гаражни врати за возилата, променета е компелетна дограма на објектот, направена е гаража за возилата бидејќи без неа во зимскиот период поради водата возилата нема да бидат ефикасни и ефективни. Благодарност за правењето на гаражата до општествено одговорните компании од Охрид што помогнаа. Набавени се комплетни заштитни одела за шумски пожари за сите 38 пожарникари. Планираме да набавиме интервентни одела за урбана средина. Добивме возило од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за шумски интервенци, мало теренско возило што се користи во стариот дел на градот, бидејќи е помало работата ни е малку олеснета, рече командирот Јанкулоски.

Нема достапен опис

Нема опис за фотографијата.

Во единицата се вработени 38 пожарникари, располага со 7 возила, од кои освен едно што е ново, останатите се застарени. Преку проект од Јапонската амбасада очекуваат набавка на ново возило.

Оваа сабота со дефиле на противпожарните возила и показни вежби ќе биде одбележан Денот на пожарникарите. Инаку, противпожарната заштита на Балканот е започната во Битола, на 20-ти мај 1836 година во време на Румелискиот пашалак, кога е формирана првата организирана противпожарна единица, после голем пожар што го зафатил градот. Па, оттогаш 20-ти мај се одбележува како Ден на пожарникарите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Децата од градинките ќе добиваат по еден килограм свежо македонско овошје еднаш неделно
Next После повеќе од два месеци почна полагањето возачки испит за кандидатите од Охрид и регионот

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.