Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Јануари екстремно топол, над просекот за 3,3 степени

Јануари екстремно топол, над просекот за 3,3 степени

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 3. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Месец јануари 2023 година се карактеризира како екстремно топол и просечен до влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности. Месечната температура се движеше од 0,9 степени Целизиусови во Маврово до 7,6 во Гевгелија. Споредено со просечните јануарски месечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), годинашната беше 3,3 степени над просечната на ниво на држава, информира УХМР.

Во втората декада од месецот беа забележани високи максимални и минимални температури невообичаени за овој дел од годината и од 17 до 24 имаше продор на топлотен бран. Средните максимални температури беа од 5,1 степен во Маврово до 12,6 степени во Гевгелија. Највисоката максимална температура беше измерена на 18 јануари во Демир Капија и изнесуваше 19,9 степени, но не беше повисока од апсолутната максимална 20,3 степени измерена во Гевгелија во jануари 2018година.

Средните минимални температури беа од -2,1 степен во Берово до 3,5 во Гевгелија. Најниската температура во текот на месецот е измерена во Берово на 7 јануари и изнесуваше -7,4 степени.

Во јануари годинава, месечната сума на врнежи во државата изнесуваше од 22мм во Скопје Зајчев Рид до 178мм во Маврово.

Врнежите беа од дожд и снег, претежно во текот на втората декада од месецот. Максимално дневно количество на врнежи од 42,7 мм беше регистрирано во Демир Капија на 24-ти јануари. На Попова Шапка беше измерена максимална снежна покривка од 91 см на 24-ти.

Споредено со јануарската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 20 мм над просечната на ниво на држава. (Крај)

извор: Press24 фото: ИнПрес

Post navigation

Previous В недела ќе се одржат традиционалните „Прличеви беседи“
Next МНР: Двајца ученици од Македонија кои престојуваат во Турција повредени од земјотресот

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.