Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • 14 години Народен театар Охрид

14 години Народен театар Охрид

1 min read
14 години Народен театар Охрид

Охрид, 3. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Денеска навршуваат 14 години постоење на Народен театар Охрид.

Многу луѓе се измешани во иницијативата и создавањето бидејќи Охрид препознава театар и ги препознава вредностите.

Во оваа форма, како Национална установа во рамки на Центарот за култура опстојува полни 14 години, по долгогодишни иницијативи во Охрид да се возобнови професионалниот театар.

На 3-ти јуни 2011 година се изговори првата реплика во сега веќе Народен театар Охрид. Тоа беше премиера на претставата „Метаморфози“ во режија на Андреј Цветаноски. Оттогаш се одиграни 42 премиери, реализирани се гостувања што по различни театри, што по фестивали и имаат освоено бројни награди.

Охриѓани со радост се сеќаваат на премиерите на охридскиот градски градски театар, во 50-те години на минатиот век кога актерската екипа од 15 млади луѓе со голем ентузијазам и елан внесувале нов дух во градот.

Возобновувањето на театарскиот живот во Охрид има историска димензија, не само за охриѓани и за тимот актери туку и за љубителите на театарот. Огромно е задоволството да се застане на штиците што живот значат.

Со оглед на моменталната состојба во охридскиот Центар за култура, каде сѐ уште времено е прекинато одржувањето на настани поради неисполнување на одредени технички услови, прекинато е и одржувањето претстави. Според најавите во текот на овој месец треба да се решат работите и да се продолжи со предвидената програма. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Бројни настани за најмладите месецов во рамки на програмата „За сите деца“
Next Утре ќе се врши ларвицидна дезинсекција во Општина Дебрца

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.