Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Бројни настани за најмладите месецов во рамки на програмата „За сите деца“

Бројни настани за најмладите месецов во рамки на програмата „За сите деца“

1 min read
Бројни настани за најмладите месецов во рамки на програмата „За сите деца“

Охрид, 3. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“
во текот на овој месец ќе бидат организирани низа настани посветени на најмладите.

Утре од 10:00 часот во ООУ„Св. Наум Охридски“ во Пештани ќе биде промовирана книгата „Девојчето Ена и волшебната четка“, од д-р Кристина С. Алоска. Промотор ќе биде Валентина Рубаноска.

Во четврток, 5-ти јуни, во 13:00 часот во Музејот на вода ќе се одржи промоција на книгата „Во домот на пастрмката“ од Александра Велинова, како и едукативен час по повод Меѓународниот ден на животната средина.

На 13-ти јуни во 18:00 часот на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе биде изведена детска театарска претстава „Пинокио“ на Балада продукција. На 20-ти јуни на истата сцена и од истиот термин ќе биде изведена детска театарска претстава „Во царството на другарството“ на театар Хит Комедија.

Јунската програма ќе биде заокружена со детскиот музички фестивал „Поточиња“ на 27-ми со почеток во 19.30 часот на сцената Долни Сарај. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Жителите на улица „Јане Сандански“ неколку часа без вода
Next 14 години Народен театар Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.