Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • 16. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура денеска и утре во Охрид

16. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура денеска и утре во Охрид

1 min read
16. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура денеска и утре во Охрид

Охрид, 28. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Народната банка на Република Македонија и Централната банка на Холандија денеска и утре во Охрид по 16-ти пат ја организираат Конференцијата за плаќања и пазарна инфраструктура, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на заедничко разгледување на можностите и предизвиците во областа на платежните услуги.

На годинашната конференција, насловена „Преповрзување на плаќањата за дигиталната ера“, ќе учествуваат домашни и странски претставници на централни банки, деловни банки, небанкарски даватели на платежни услуги, финтек-компании и други релевантни институции, како и претставници од меѓународните финансиски институции и телата на Европската Унија.

Конференцијата ќе ја отворат гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и директорката на Секторот за плаќања од Централната банка на Холандија, Инге ван Дијк.

Централна тема на Конференцијата ќе биде иднината на плаќањата по историскиот исчекор на нашата земја со интеграцијата во Единствената област за плаќање во евра – СЕПА, заедно со Албанија, Црна Гора и Молдавија. Па по тој повод свое пбраќање ќе има генералниот директор на Европскиот совет за плаќања, Џорџо Андреоли.

Од 7-ми октомври Македонија официјално стана дел од Единствената зона за плаќања во евра (СЕПА), со што македонските граѓани и компании можат да вршат и да примаат уплати во евра под истите услови како во Европската Унија.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во акцијата „За посреќно детство“ собрани над 50.000 денари, денес извлекување добитници на награди
Next Речиси две недели езерското ниво е непроменето, на само 4 сантиметри над минимално дозволеното

Слични вести

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват
1 min read

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.