Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • 20 инспекциски контроли низ Охрид за почитување на Законот за заштита од пушење, неправилности не се констатирани

20 инспекциски контроли низ Охрид за почитување на Законот за заштита од пушење, неправилности не се констатирани

1 min read

Охрид, 17. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Пазарните испектори периодов со интензивни контроли по угостителските објекти дали и колку се почитува Законот за заштита од пушење.

Граѓаните сé почесто периодов коментираа во врска со пушењето во дел од објектите и во затворените делови, дури и онаму каде се служи храна.

Со чест на исклучоците, особено за време на празничните денови, факт беше дека се пуши и во затворените делови од објектите, а речиси секој во неврзан разговор се жалеше дека гардеробата по посетата на кафеани, локали и клубови мириса на чад од цигари.

Раководителот на Пазарниот инспекторат во Охрид, Цветко Ристески за Супер радио и InPress информира дека во петокот во Охрид биле извршени 20 контроли по основ на спроведување на Законот за заштита од пушење, при што не биле констатирани неправилности.

Девет прекршувања на Законот за пушење во два угостителски објекти во Охрид

– При извршените контроли утврдено е дека се пушело на терасите. Има една законска празнина во поглед на дефинирање на терасите. Пред неколку години се дозволи со подзаконски акт терасите да ги затвораат со фолии, со стакла… и сега се добива впечаток како да се затвотени, а се тераси и таму се пуши. Минатата година имавме преземања за во затворениот дел, глоби беа изречени. Порано имаше мерка ако се пуши во затворениот дел да можеме да изречеме забрана за работа на објектот, но со измените сега тоа не е така и затоа им пишувавме само глоба, потенцира Ристески.

Што се однесува до висината на казните, за правното лице се движат од 2.000 до 4.500 евра, а за одговорното лице од 500 до 1.000 евра. Глоба е предвидена и за гостите, за пушење во затворен објект ќе треба да плати од 100 до 300 евра, во денрска противвредност.

Ристески истакна дека со акцискиот план во 2022 година, во процедура се, преку министерството за здравство, измени на Законот за заштита од пушење, а можно е да се оди и со целосно ново законско решение. Но, тоа е процедура и дотогаш ќе важи постоечкиот закон. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Водоводната пумпна станица „Свети Еразмо“ нема да работи до 10-ти февруари
Next Продолжен рокот за понуди на повикот за субвенционирани летови

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.