Охрид, 5. март 2024 (ИНПРЕС) – Одличен старт на натпреварувачката 2024 година за Македонската традиционална теквондо федерација.
На Меѓународниот натпревар „Тирана Опен 2024“ во соседна Албанија освоија 8 златни, 9 сребрени и 4 бронзени медали, 5 пехари за најдобри поединци и пехар за второ место екипно.
Настапија 19 натпреварувачи од 4 клубови, тројца судии, двајца тренери и две официјални лица. Се натпреваруваа во две дисциплини, форми и борби.
– Учество на овoj натпревар зедоа 27 клубови од 7 земји од Европа , Италија, Шведска, Ирска, Хрватска, Косово, Албанија и Македонија. Кокнкуренцијата беше жестока но нашите натпреварувачи направија повторно да се гордееме со нив. Давид Ристески, Михаил Крстаноски, Миа Танеска, Бојана Китаноска, Елена Јанеска која беше избрана и за најдобра јуниорка на натпреварот и доби 100 евра парична награда, добија пехари за најдобри поединци, додека во севкупен пласман го освоија пехарот/плакета за второто место. Благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал“, Агенцијата за млади и спорт и Општина Охрид, вели претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски.
Резултати од нашите клубови кои учествуваа на „Тирана Опен 2024”
ТК „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид 6 златни 5 сребрени 2 бронзени и 4 пехари за поединици ТК „МАСТЕР” од Охрид 1 златен, 3 сребрени ТК „ЧОНЏИ” од Косел Охрид 1 златен, 1 сребрен Пехар за најдобар поединец /кадет ТК „СОНКАЛ” Мислешево Струга со 2 бронзени медали
Во периодот што следи теквондистите ќе се подготвуваат за Државното првенство во таеквон-до ИТФ на 16-ти март во мала сала СРЦ „Билјанини извори“, во организација на клубот „Мастер” од Охрид.
По ова, ќе следи учество на „Албанија Опен“ во Корча, како одличен тест за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Копер Словенија од 15-ти до 22-ри април. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива