Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • 21 медал и 5 пехари за најдобри поединци за Македонската традиционална теквондо федерација на „Тирана Опен 2024“

21 медал и 5 пехари за најдобри поединци за Македонската традиционална теквондо федерација на „Тирана Опен 2024“

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 5. март 2024 (ИНПРЕС) – Одличен старт на натпреварувачката 2024 година за Македонската традиционална теквондо федерација.

На Меѓународниот натпревар „Тирана Опен 2024“ во соседна Албанија освоија 8 златни, 9 сребрени и 4 бронзени медали, 5 пехари за најдобри поединци и пехар за второ место екипно.

Настапија 19 натпреварувачи од 4 клубови, тројца судии, двајца тренери и две официјални лица. Се натпреваруваа во две дисциплини, форми и борби.

– Учество на овoj натпревар зедоа 27 клубови од 7 земји од Европа , Италија, Шведска, Ирска, Хрватска, Косово, Албанија и Македонија. Кокнкуренцијата беше жестока но нашите натпреварувачи направија повторно да се гордееме со нив. Давид Ристески, Михаил Крстаноски, Миа Танеска, Бојана Китаноска, Елена Јанеска која беше избрана и за најдобра јуниорка на натпреварот и доби 100 евра парична награда, добија пехари за најдобри поединци, додека во севкупен пласман го освоија пехарот/плакета за второто место. Благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал“, Агенцијата за млади и спорт и Општина Охрид, вели претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски.

Резултати од нашите клубови кои учествуваа на „Тирана Опен 2024”

ТК „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид 6 златни 5 сребрени 2 бронзени и 4 пехари за поединици ТК „МАСТЕР” од Охрид 1 златен, 3 сребрени ТК „ЧОНЏИ” од Косел Охрид 1 златен, 1 сребрен Пехар за најдобар поединец /кадет ТК „СОНКАЛ” Мислешево Струга со 2 бронзени медали


Во периодот што следи теквондистите ќе се подготвуваат за Државното првенство во таеквон-до ИТФ на 16-ти март во мала сала СРЦ „Билјанини извори“, во организација на клубот „Мастер” од Охрид.

По ова, ќе следи учество на „Албанија Опен“ во Корча, како одличен тест за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Копер Словенија од 15-ти до 22-ри април. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Средношколска крводарителска акција во СОСУ „Св. Кирил и Методиј”
Next Битиќи: Предлог-законот за нефер трговски практики ќе го реши проблемот со евентуално зголемување на цените

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.