Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • 40 организации од цела Европа бараат Охридскиот регион да биде впишан на Листата на светски наследства во опасност

40 организации од цела Европа бараат Охридскиот регион да биде впишан на Листата на светски наследства во опасност

40 организации од цела Европа бараат Охридскиот регион да биде впишан на Листата на светски наследства во опасност

Охрид центар каматаран Охридско Езеро стар дел Охрид Самуилова тврдина

Охрид, 8. јули 2025 (ИНПРЕС) – 39 организации и една европска мрежа (од 15 организации) доставија писмо до Комитетот за светско наследство со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност.

– Имајќи го предвид степенот на досегашната деструкција, итната потреба за реставрација на природните и културните вредности на подрачјето, екстремно загрижени поради сите сѐ уште нереализирани (но усвоени/одобрени) планови и проекти и реалната опасност за неповратно губење на интегритетот и автентичноста, бараме Комитетот за светско наследство на својата 47 сесија во Париз, Франција, да го заштити и зачува Охридскиот Регион за сите идни генерации, со тоа што ќе ја усвои нацрт одлуката за негово впишување во Листата на светски наследства во опасност, стои во писмото.

Во седиштето на УНЕСКО во Париз, во неделата започна 47. сесија на Комитетот за светско наследство. Во следните неколку дена Комитетот по трет пат ќе гласа дали Охридскиот регион, нашето единствено природно и културно светско наследство, ќе биде впишан во Листата на светски наследства во опасност. Нацрт одлуката е објавена и предвидува впишување во листата.

Покрај останатото, се бара од Македонија итно да ја подобри заштитата на Студенчишко блато, веднаш да ги стопира сите градежни активности во околината на блатото и хотелскиот комплекс „Горица“ и да го ревидира предлог Законот за прогласување на Студенчишко блато за Парк на природата за да осигура дека истиот е во согласност со стандардите на ИУЦН и наодите на мисијата од 2024 година.

Имајќи ги предвид претходните две искуства, кога Комитетот ги игнорираше препораките на експертите Охридскиот Регион да биде прогласен за светско наследство во опасност, што резултираше со нови закани и уште поголемо уништување на вредностите, граѓанските организации доставија писмо до сите 21 членови на Комитетот, со кое бараат усвојување на нацрт одлуката. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Муцунски вечерва во Охрид ќе го пречека албанскиот министер за надворешни работи Хасани
Next Идниот Митрополит на Дебарско-кичевската епархија Георгиј стана архимандрит

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.