Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • 66 лица од Охрид гласале на вчерашните парламентарни избори во Бугарија

66 лица од Охрид гласале на вчерашните парламентарни избори во Бугарија

1 min read

Охрид, 3. април 2023 (ИНПРЕС) – Иако немало пријавено ниту едно лице, сепак 66 лица од Охрид го оствариле своето гласачко право на парламентарните избори во Бугарија што се одржаа вчера.

Според податоците објавени на веб страницата на бугарската Централна изборна комисија на избирачко место во седиштето на клубот „Цар Борис III“, гласале 66 граѓани, имало 61 важечко и 5 неважечки ливчиња.

Нема достапен опис

Распоредот на гласови е следен:
БСП за Бугарија – 1
ГЕРБ-СДС – 23
Преродба – 4
Коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ) – 13
Движење за права и слободи ДПС – 16
Левицата – 1
ПП БЪЛГАРСКИ ВЪЗХОД – 1

Освен во Охрид, избирачки места беа отворени и во Скопје, Битола, Кавадарци, Прилеп, Струмица и Тетово. На изборите можеа да гласаат и оние кои не се пријавиле, а и оние со времени патни исправи. Најмногу гласачи имало во Скопје, 185, а најмалку во Тетово, 8.

Вкупниот број на бугарски државјани кои гласале на овие избори во Република Македонија бил 453. Според резултатите од изборите, најмногу гласови добила коалицијата на Бојко Борисов ГЕРБ-СДС. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Викендов стартуваше летната тарифа за наплата на паркинг во Охрид
Next Научни истражувања во пештерите во Националниот парк Галичица

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.