Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со капење на рибарите и охридска староградска песна одбележан Денот на рибарите (Фото)

Со капење на рибарите и охридска староградска песна одбележан Денот на рибарите (Фото)

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 20. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Со традиционално капење на рибарите и тајфата на фаќачот на крстот Васко Довлев, на Сараиште, одбележан Денот на рибарите и празникот Свети Јован Крстител во Охрид.

Со чашка греана ракија присутните уживаа во звуците на охридската староградска песна, во изведба на охридскиот музички еснаф.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

На денешен ден на Сараиште, старите рибари ги оставале мрежите да се сушат, раскажуваат повозрасните жители на Охрид, кои се сеќаваат на убавите времиња поминати со блиските и пријателите на денот по Богојавление, Ден на рибарите. Велат порано имало многу повеќе риба, а најмногу се ловело околу празникот Св.Никола. Децидни се дека овој настан е од огромно значење за градот, за негување на традицијата.

Нема достапен опис

– Овој ден е значаен за рибарите бидејќи на овој ден се фрлал крстот, на Водици било забрането, па го поместиле еден ден подоцна. Важно е да се негува оваа традиција и вчера имаше многу луѓе и покрај тоа што времето неповолно, ама луѓето си дојдоа. Јас сум од Љубаништа, порано имаше многу повеќе риба, сега се ловат плашици, грунци, покрупна риба нема. Се ловеше со мрежи, најголема риба што сум уловил е крап, околу 2,5 килограми.Обично се ловеше за Свети Никола. Најплодни години, пред 30-40 години, паметам кајчињата на рибарите беа полни, вели рибарот Ѓоко Трајчески.

– Ова е многу значајно, традиционално, секогаш било, едно време и им забрануваа, крстот се фрлаше во раните утринкси часови и обично се подготвуваше рибина чорба. И јас ловев риба порано, со татко ми произведувавме чамци, имаме направено 13 и кога беше дозволено ловевме риба, постојано одевме. Сега нема ловење, нема риба, тогаш преку спортско риболовно друштво си вадевме дозволи и во недела одевме по риба, беше дозволено да се уловат три парчиња, ако е помало парчето од 300-400 грама да го вратиш во вода, вели охриѓанецот Наум Секулоски.

Нема достапен опис

 

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Традицијата да се одбележува овој ден е многу стара, во одреден период престанала да се практикува, но повторно се обновила. Според кажувањата на старите жители на градот, рибарите се капеле на овој ден за да ја покажат нивната приврзаност кон езерото.

Со денешните настани се заокружува одбележувањето на празникот Богојавление Водици во Охрид. Најмасовната црковно-народна манифестација за осветување на езерските води одамна ги надмина локалните и регионални граници, па и годинава имаше бројни посетители од земјава и странство. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Инспекторите ги контролираат трговските објекти, забележано намалување на цените, но и напишани казни
Next „Гладијаторите“ на подготовки во Шабац

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.