Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Објавен документарен филм за значењето на трската во Охридското Езеро

Објавен документарен филм за значењето на трската во Охридското Езеро

1 min read
Објавен документарен филм за значењето на трската во Охридското Езеро

Охрид, 20. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар “ Охрид го објави документарниот филм за значењето на трската во Охридското Езеро.

Оваа активност е дел од проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“. Документарниот филм претставува збир на постигнатото од секоја фаза на проектот, односно неговата содржина се конципира со помош на статистичките податоци добиени од спроведените теренски истражувања. Се работи за краток филм кој ги прикажува убавините и значењето на трската за биодиверзитетот, потребата од нејзина соодветна заштита, како и моменталната состојба на појасот на трска во Охридското Езеро.

Докумантарниот филм е објавен на социјалните мрежи на здружението и на Youtube платформата, а во скоро време треба да се емитува и на ТВ. Исто така, овој филм заедно со кратките информативно- едукативни видеа ќе се користи како материјал кој ќе се презентира во сите основни училишта во Општина Охрид.

Проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“
Next Бислимоски: Од 1-ви јули може да се врати дневната евтина струја – сега во тоа време струјата е поевтина поради фотоволтаиците

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.