Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Викендов промоција на „DARE“, прв македонски дневник што се фокусира на телесната дисморфија од охриѓанката Емилија Наумоска

Викендов промоција на „DARE“, прв македонски дневник што се фокусира на телесната дисморфија од охриѓанката Емилија Наумоска

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 24. февруари 2023 (ИНПРЕС) – В недела, во кафе барот „Shilla“ од 18:00 часот ќе се одржи промоција на „DARE“, 6-месечен дневник што ја разработува телесната дисморфија и се фокусира на моменталните чувства за нашето тело.

Автор е охриѓанката Емилија Наумоска. Во краткиот разговор за Супер радио и InPress, во пресрет на промоцијата, таа вели дека акцентот е ставен на тоа како денес се чувствуваш и што денес направи за твоето тело, бидејќи нема поважен ден од денес.

– Исто така разработени се 6 теми како исхрана, физичка активност, партнерски врски, самоограничувања, социјални мрежи и социјална анксиозност – сите тие теми се поврзани со телесната дисморфија и има совети од лично искуство истите да ги подобриш. На пример, како социјалните мрежи влијаат врз твојата слика за телото, вели Наумоска.

Нема достапен опис

Додава дека идејата да напише ваков дневник произлегла од лично искуство.

– Повеќето луѓе се справуваат со телесна дисморфија зад затворени врати, а истата знае да има влијание во различни ситуациии во животот. Мојата негативна слика за моето тело ми создаваше социјална анксиозност и лоша врска со храна и физичката активност. Едноставно, негативната слика за моето тело ме спречуваше да го живеам животот како што сакам, бидејќи се фокусирав да го сменам за да биде прифатено во социјалните стандарди за убавина, а со тоа, повеќе ќе бев прифатена јас. Сé почнуваше и завршуваше со моето тело. Строги диети пред лето, широка облека, срамежливост, ниска самодоверба, нездрави врски со луѓе и многу други работи. Но, овој тежок период го поминав сама и баш тогаш научив што значи да го цениш и сакаш своето тело и да се грижиш за него, а не да се „грижиш” за тоа како другите го гледаат. Па, оттука дојде идејата да се направи производ што ќе им помогне на сите да се справат со ваков тип на негативни навики и чувства, потенцира Наумоска.

Нема достапен опис

На самата промоција, дневникот DARE ќе се продава по промотивна цена од 599 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous В недела на Прочка во Велгошти ќе се одржи традиционалниот маскенбал „Емшири 2023“
Next Македонскиот зелник меѓу 50-те најдобро оценети печива во светот

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.